По министерот за надворешни работи Бујар Османи, во посета на Украина наредниот месец ќе оди и премиерот Димитар Ковачевски.
Таму како премиер на земја претседавач со ОБСЕ тој ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претходно, пак, во Виена, македонскиот премиер ќе оствари средби со претставници на други држави членки на Организација.
„Ние сме и држава која претседава со ОБСЕ, тоа е една исклучително голема обврска, одговорност, но и можност за промоција на Северна Македонија како земја која го предводи процесот на унапредување на мирот и безбедноста во Европа. Вчера министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги претстави приоритетите на нашето претседателство, а веќе на почеток на идна недела тој ќе биде во Украина. Во текот на февруари и јас ќе одам во Украина каде ќе се сретнам со украинскиот претседател, господинот Зеленски“, изјави денеска Ковачевски.







