Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски од Брисел: Францускиот предлог во ваква форма не е прифатлив за нас
Македонија

Ковачевски од Брисел: Францускиот предлог во ваква форма не е прифатлив за нас

јуни 23, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Предлогот на француското претседателство за деблокада на нашиот европски пат во ваква форма, каква што е во моментов, е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за Владата, за коалициските партнери и за граѓаните на Северна Македонија, изјави премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама по завршување на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.

„Доколку во текот на француското претседателство се постигне разбирање за нашите позиции, ние сме подготвени да се вклучиме во разговори за истите, за да се започнат преговори до крајот на јуни, рече Ковачевски.

Премиерот нагласи дека граѓаните можат да се спокојни, бидејќи секогаш во прв план се стратешките интереси и цели на државата, како и тоа оти никој не може да ни наметне решение.

„Сите 27 лидери, сите 27 нации и сите 27 земји кои се приклучија на Унијата, сите се приклучија гордо со сите различности и со меѓусебна почит кон различностите. Ништо од ова не било проблематизирано на европскиот пат. Треба да се приклучиме гордо кон ЕУ исполнувајќи ги притоа сите критериуми за членство, подвлече Ковачевски.

Тој ги повтори клучните елементи под кои би бил прифатлив предлогот – чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет, историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка, преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот и цврсти гаранции и од Бугарија и од ЕУ дека Софија нема да условува со нови барања надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол, кој се уште не е усогласен со бугарската страна.

Тој повтори и дека секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија.

 

МИА

актуелно Брисел ковачевски неприфатлив предлог француски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.