Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски: Поддршката на Развојна банка за дигитализација овозможува раст и развој на компаниите и економијата
Македонија

Ковачевски: Поддршката на Развојна банка за дигитализација овозможува раст и развој на компаниите и економијата

март 23, 2023Updated:март 23, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска со амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман Марти и со директорот на Развојна Банка, Кире Наумов ја промовираа новата кредитна линија за дигитализација и дигитална трансформација за компаниите. Премиерот во своето обраќање истакна дека целта на владата е земјата да оди напред, да има силен економски раст и развој, затоа и заложбата за креирање можности за пристап до средства за инвестирање во имплементација на дигитални стратегии и планови односно дигитална трансформација.

„Оваа кредитна линија е новина на пазарот, прилагодена според потребите на пазарот и ќе биде во функција на искористување на придобивките на компаниите од процесот на дигитализацијата. Развојната банка во овој процес е пионер на пазарот и без сомнение дека поттик за вклучување добиваат и комерцијалните банки, се со цел да се забрза и засили циклусот на имплементација на дигиталната трансформација на компаниите.

Наша цел е да го интензивираме процесот на дигитализација како современ пристап за деловен развој и спроведување на определбата за дигитализација  преку меѓусебно поврзување на академската заедница, на бизнис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да инвестира“-рече премиерот Ковачевски.

Северна Македонија, поддршка за креирање на Стратегијата обезбеди и од Светска Банка, GIZ и ИМЕ програмата, а беше финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Вероник Улман Марти, амбасадорката на Швајцарија ја истакна важноста од дигитализацијата за економски раст.

„Врз основа на швајцарското искуство, активното учество на приватниот сектор во дефинирањето на политиките и мерките што влијаат врз нив, е предуслов за создавање средина што ќе овозможува процут на економијата. Затоа Швајцарија ја поддржува Националната Развојна банка на Северна Македонија да изврши анализа за потребите за финансирање на дигитализацијата, со тоа што ќе допре до компаниите низ земјата“, рече амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман.”

Кире Наумов, директор на Развојна Банка истакна дека следејќи ги одредбите од Стратегијата за СМАРТ специјализација на Владата на РСМ, како и препораките на Анализата направена преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Развојната банка на Северна Македонија , од почетокот на овој месец воведува нова кредитна линија за дигитализација и дигитална трансформација.

„Кредитната линија е креирана со цел поддршката на компаниите кои инвестираат во дигитализација и дигитална трансформација. Истата ќе се реализира преку квалификувани банки-учеснички, со поволна каматна стапка од 2,9% до крајните корисници. Компаниите ќе можат да користат максимум 300.000 ЕУР за набавка на основни средства до 8 години со вклучен грејс период до 12 месеци, и максимум 100.000 ЕУР за обртни средства до 5 години со вклучен грејс период до 6 месеци.

Развојната банка континуирано ги прилагодува своите производи во насока на поддршка на компаниите во новонастанатите услови на работење“, истакна директорот Наумов.

Развојната Банка, одигра значајна улога во време на економската, енергетската и ковид кризата. Со понуда на поволни кредити но ниски каматни стапки, за малите и средни компании владата создаде амбиент за подобрување на домашната конкурентност, поддршка на извозот и економски раст и развој.  Развојна Банка зазема активно учество во имплементирање на антикризните мерки кои ги донесуваше Владата.

На стопанството му беа ставени на располагање и ЕИБ-кредитните линии со поволна камата, од кои 41 милион евра се пласираа од ЕИБ 6, а останатите кредити беа пласирани од револвинг средствата.

Со тоа од страна на Развојната банка за поддршка на стопанството за три години беа пласирани речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти, од кои само во 2022 година пласирани се средства во износ од 107 милиони евра поволни кредити за поддршка на ликвидноста на компаниите, инвестиции во заштеда на енергија и инвестиции во обновливи извори на енергија. Преку реализација на кредитната линија за поддршка на компаниите погодени од енергетската и ценовната криза, на почетокот на 2023 година Развојната банка со поддршка на Владата која дообезбеди средства поради големиот интерес, беа поддржани 262 компании во износ од 7,3 милиони евра.

Во време на Ковид кризата беа поддржани 4.134 компании со износ од 45 милиони евра.

актуелно ковачевски шкриељ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.