Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски: „Јазикот ни е тој – македонски, си го зачувавме!“
Македонија

Ковачевски: „Јазикот ни е тој – македонски, си го зачувавме!“

октомври 17, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Ако нашите деца си заминат, нема да остане никој што ќе го зборува јазикот на нашите предци“, рече премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на почетокот на „7. Отворени денови“ кои од денеска до петок ги организира Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Идните генерации треба да останат во нашата држава и затоа концептот и обврска на оваа Влада, истакна премиерот, е да бидеме член на Европската Унија до 2030 година за тие овде да имаат иднина.

Единствениот предизвик за јазикот, посочи тој, не доаѓа од исток, запад, југ или од каде било, туку од тука и од нас и дека јазикот не живее само во книжевните дела, туку мора да биде зборуван од луѓето.

„Јазикот е нашата татковина – тоа е аманетот на Блаже Конески, чие наследство е темел на македонскиот јазик, а со тоа и темел на македонскиот идентитет и национална култура. Но Конески посочи и дека од нас зависи дали јазичната средина ќе биде загрозена или не. И ова не е помалку важно. Напротив, мотив и обврска е за секој што се смета за продолжувач на неговото дело“, рече Ковачевски.

Биле тешки преговорите со Бугарија, со Франција и со други земји од ЕУ, за да се обезбеди почеток на преговори со ЕУ, објасни тој, а како учесник во преговорите и во сите напади што неколку месеци траеле однадвор и однатре, го имал, истото тешко чувство како и македонските граѓани: „како некој со нож да ви го сече стомакот“.

„Но, на крајот на денот, некој мораше да донесе одлука. Таа одлука е за иднината на оваа и иднината на генерациите на децата што доаѓаат – дали ќе избереме концепт со крената глава, како Македонци, со заштитен македонски јазик, да ги отпочнеме преговорите со Европската Унија и да седиме на големата маса во Брисел… Другиот е концепт на лажна гордост, изолирани, сами, сиромашни граѓани, кои седат на малата маса раскарани и со соседи, и со Европска Унија. Тоа нашите граѓани не го сакаат“, истакна Ковачевски.

Покрај во Обединетите нации, македонскиот јазик сега е официјален и во ЕУ, нагласи премиерот и додаде дека конкретно признание е одлуката за потпишување на Договорот за гранично управување помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија (Фронтекс) усвоена пред неколку дена од Советот на ЕУ.

„Нема никакви додавки, нема никакви ѕвездички. Тоа е првиот договор којшто Македонија го потпишува со Европската Унија и во кој стои чист македонски јазик заедно со сите други јазици во ЕУ… Нема повеќе ни поединечни, внимателни формулации од типот: јазикот на Блаже Конески, Матеја Матевски, туку чист македонски јазик. Во официјални изјави на сите европски лидери, на претставници на меѓународната заедница денес гласно и јасно, прецизно се употребува терминот македонски јазик“, рече Ковачевски и посочи дека целото законодавство на ЕУ ќе се преведува на македонски јазик и тој е рамноправен со сите други јазици на Унијата.

На потпишувањето на Договорот со Фронтекс, кое ќе биде за неколку недели, тој нема, рече, со себе да поведе политичари или кабинетски службеници, туку професорите македонисти Људмил Спасов – претседател на Советот за македонски јазик, и Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

На отворањето на 7. Отворени денови беше соопштено дека Институтот, кој во 24 години имал само еден нововработен, оваа година добива 17 нови вработувања. Тринаесет се реализирани, а до крајот на месецов ќе бидат реализирани уште четири.

Ковачевски кажа дека веднаш се заложил за нови вработувања откако ги слушнал потребите на Институтот и подвлече притоа дека тие што го обвинуваат за лажен патриотизам 11 години ништо не направиле за вработувања на Институтот.

Напомена и дека со поддршка на Владата при крај е дигитализацијата на сите картотеки на Институтот, кои имаат пет милиони единици, и дека со тоа македонскиот јазик ќе биде достапен насекаде во светот и заштитен за идните генерации.

актуелно блаже конески димитар ковачевски јазик
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.