Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Козаку: Демократијата бара добро информирани и медиумски писмени граѓани
Политика

Козаку: Демократијата бара добро информирани и медиумски писмени граѓани

август 16, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лажните вести денес се оценуваат за глобален предизвик на современите демократски општества, а медиумската писменост за темел во справувањето со овој феномен кој
подразбура поседување вештини потребни за да се оценат вестите, да се разобличи пропагандата, да се препознае рекламирањето или соодветно да се реагира на содржините со говор на омраза.

Марија Козаку, новинар во радиосервисот на грчката државна ЕРТ и главен уредник во Институтот за медиумска писменост (МЛИ) во разговор за МИА говори за грчките искуства во справување со лажните вести.

За неа, вели медиумската писменост е всушност медиумска едукација за новинарите и граѓаните и претставува најмоќната алатка во борбата против дезинформациите и лажните вести.

Таа посочува дека во 2017 година во Грција со закон е формиран Институтот за медиумска писменост (МЛИ) како непрофитна организација.

Негова цел е да промовира и да дисеминира концепт на медиумска и информациска писменост во Грција, Европа и пошироко.

„Медиумската и информациска писменост има за цел критичка перцепција, користење и креирање знаење и информции на кој било традиционален или модерен комуникациски медиум и бара усвојување когнитивни, функционални, технички и комуникациски вештини како и капацитет за користење модерни средства на комуникција. МЛИ ја поддржува идејата дека демократијата бара добро информирани граѓани и дека медиумската и информативна писменост е меѓу најважните начини
за борба против пристрасното известување и говорот на омраза во онлајн просторот, за промоција на фундаменталните права на граѓаните да бидат свесни кога се во интеракција со медиумите, да научат како да ги вкрстуваат изворите, да развијат вештини на истражување кога истражуваат извори, креатори и цели на одредени содржини така што читателите да можат да разликуваат веродостојни информации од лажни вести, индивидуални мислења, предрасуди или пропаганда“, вели Козаку.

Во МЛИ се ангажирани професионални новинари и истржувачи на полето на комуникациите.

Имаат за цел да партиципираат во политичкото, социјалното и културното напредување на нивната земја, како и на соседите, користејќи ги алатките во контекст на професијата.

„Сметаме дека информациите, комукацијата генерално и особено масмедиумите се критични двигатели за поддршка на основните принципи на демократските процедури и ние се залагаме за правото на универзален пристап до сигурни информации“, нагласува Козаку.

Работилницата на која учествувавме во Солун, посочува таа, потврди без каков било сомнеж дека Северна Македонија и Грција имаат итна потреба од долгорочна соработка на повеќе нивоа, со цел да се справат со бројни инциденти на лажни вести, како и на лажни истории што го стигматизираат прекуграничното медиумско покривање на двете земји.

„Новинарите можат да ја зајакнат довербата меѓу двата народа преку хуманизирање на медиумското покривање и со обелоденување на сите видови дезинформации за билатералните прашања“, подвлекува Козаку.

Марија Козаку беше дел од Семинарот кој што на крајот од јуни во Солун го организираа амбасадите на САД во Северна Македонија и во Грција, Центарот за глобално поврзување на Стејт департментот, Американската агенција за глобални медиуми и Центарот за европски перспективи.

Фокусот на дводнeвната работилница со учество на 35 новинари од Северна Македонија и од Грција беа предизвиците од ширење дезинформации и соработката за справување со нив.

МИА

актуелно демократија Козаку
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.