Над 90.000 домаќинства вчера во Берлин останаа без греење и топла вода. Според „Тагешпигел“, поради прекин на електричната енергија настанал проблем во термоелектраната „Ватефал“ во Клингенберг.
Се се случило во попладневните часови, а електраната морала да се исклучи и повторно да се вклучи.
Операторите работат на санирање на проблемот и се очекува денес тој да биде надминат.
Дотогаш, на засегнатите граѓани им се препорачува да ги држат затворени прозорците и вратите за да се загреат и да ги проветруваат домовите само по потреба.







