Седум лица загинаа денеска при пад на воен хелихоптер на северот на Колумбија, соопштија официјални лица.
Хелихоптерот превезувал 10 луѓе кога се срушил во областа Анитокија, пренесува АП.
Спасувачите до сега пронајдоа тела на седум настрадани и продолжуваат со потрагата по останатите тројца. Патниците во хелихоптерот биле припадници на војската.
Други детали за несреќата засега не се соопштуваат.







