Не го донесоа златниот пехар од Русија, но беа дочекани како да го направија тоа. Репрезентативците на Колумбија после несреќната елиминација во осминафиналето на Мундијалот се вратија во татковината каде што десетици илјади луѓе ги поздравија со овации, поради залагањето кое го покажаа на шампионатот.
Од аеродромот па до центарот на Богота, автобусот со фудбалерите минуваше крај шпалир кои го направија фановите, горди на игрите кои ги пружаа Радамел Фалкао, Хамез Родригез, Иери Мина и другите во текот на настапите на Светското првенство.
Играчите на селекторот Жозе Пекерман влегоа меѓу 16 најдобри, каде во драматичен натпревар ги исфрли селекцијата на Англија, после изведувањето на пенали, со проблематично судење на Марк Гајгер од САД.
Колумбијците се најмногу огорчени затоа што Американецот лесно досуди, речиси им подари, пенал на Англичаните, после дуелот на Карлос Санчез и Хари Кејн.
Меѓутоа, тоа не беше единствената причина за незадоволство.
Капитенот Фалкао тврдеше дека Гајгер намерно внесувал нервоза во редовите на неговата екипа.
Сето тоа вистинските навивачи го препознаа и, за разлика од пореметените умови кои им се заканија со смрт на социјалните мрежи на Карлос Баки и Матеус Урибе заради промашувањата од белата точка, ги наградија фудбалерите со спркталуларен пречек.
https://www.youtube.com/watch?v=SAXzEeuIn-w&feature=youtu.be







