Поранешниот тренер на Замалек од Каиро, Абдрахим Мухамед Негма, почина додека вршел коментар од натпреварот од третото коло од групата А на Светското првенство во фудбал во Русија, меѓу репрзентациите на Саудиска Арабија и Египет, пишува египетскиот весник „Јум 7“.
Негма, кој како фудбалски експерт работел на египетска телевизија, во текот на натпреварот доживеал срцев напад што бил причина за неговата смрт.
Репрезентацијата на Египет на тој меч загуби од Саудиска Арабија со 1:2.







