Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Комерцијална банка: За стечајот на Еуростандард банка одговорни се Трифун Костовски и неговиот тим
Економија

Комерцијална банка: За стечајот на Еуростандард банка одговорни се Трифун Костовски и неговиот тим

февруари 10, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Секој обид на г-динот Трифун Костовски за замајување и дезинформирање на јавноста и за барање виновници за стечајот на Еуростандард банка е залуден затоа што единствени виновници се тој како акционер и претседател на Надзорниот одбор и менаџерскиот тим на банката, реагира Комерцијална банка откако Костовски во колумна ја обвини Банка дека делела профит додека Еуростандард пропаѓала.

„Костовски во секое негово обраќање покажува дека е или комплетно неинформиран за работењето на Еуростандард банка и не е упатен во банкарското работење воопшто или, пак, намерно ја извртува вистината. Досега се изначитавме дека виновни му се гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, поранешниот премиер Зоран Заев, техничкиот премиер Оливер Спасовски, Комерцијална банка… Значи, според него, виновни се сите други освен поранешните акционери и менаџментот на Еуростандард банка. Каков апсурд и лага.

Пред точно една година Комерцијална банка ја објави својата последна реакција во врска со небулозите и лагите на Трифун Костовски и затоа во оваа прилика сакаме само да потсетиме дека Костовски повторно заборава дека тој и неговиот раководен тим се единствените потписници на одлуките и налозите со кои се одобрувани кредити кои не можеа да се наплатат и затоа тие се главните виновници за пропаѓањето на Еуростандард банка.

И повторно, свесно или не, г-динот Костовски или лаже или не знае и ја дезинформира јавноста за продажбата на зградите Палата Македонија и Поштенска банка во постапката за извршување на имот ставен под хипотека во Комерцијална банка за кредити дадени на неговата фирма Гофи. Зградата Поштенска банка е веќе продадена минатата година на друг субјект, а не на Централна кооперативна банка, што денес може да го види во Катастарот. Залудно се обидува Костовски да вовлече нови правни субјекти, кои немаат никаква врска со тоа, во неговата приказна и лажни манипулации. Втората зграда, Палата Македонија, исто така, е продадена на лицитација од извршител, на која учествуваа двајца лицитанти, за 1,83 милиони евра. Продажната цена е за над 30.000 евра повисока од цената по која своевремено неговиот син Коста Костовски направил и преддоговор за продажба. Би било многу интересно да објасни како тоа кога Коста Костовски продава по помала цена, тоа е пазарно, а кога се продава на лицитација по повисока цена, тоа било „под објективната пазарна цена“??? Навистина невидени глупости.

Костовски слободно нека продолжи да ја замајува јавноста со дезинформации и шпекулации, но тоа нема да ја промени вистината за пропаѓањето на Еуростандард банка. Ако и понатаму смета дека има основ, нека си тера постапки пред надлежните домашни, па и меѓународни судови“, се наведува во реакцијата од Комерцијална банка.

 

МИА

актуелно еуростандард комерцијална банка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.