Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Комисијата за политички систем следната недела ќе ги разгледува измените на Законот за празниците
Македонија

Комисијата за политички систем следната недела ќе ги разгледува измените на Законот за празниците

јули 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска не го разгледуваше Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за празниците, поднесен од пратеници од сите пратенички групи.

Претседателот на Комисија, Александар Кирацовски на крајот од седницата кажа дека измените на овој Закон ќе се разгледуваат на истата седница, која треба да продолжи
следната недела.

Пред да бидат разгледани на оваа Комисија, за Предлогот треба да расправа Комитетот за односи меѓу заедниците, но ова собраниско тело се уште нема закажано седница.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска го разгледаа Годишниот извештај за работата на Советот за јавни обинители на Република Северна Македонија за 2019 година.

Пратениците изнесоа забелешки за содржината на Извештајот посочувајќи дека тој
содржи само статистички податоци и оти во него нема аналитички пристап за тие да добијат комплетна слика за работата на Советот и на обвинителите во целина.

Најголем дел од нив сметаа дека извештајот е сличен на оној од 2017 година.

Коле Штериев, претседателот на Советот повикувајќи се на изрека на старите римјани, меѓу другото кажа дека, „формата е содржината“ и оти Годишниот извештај бил прифатен од страна на членовите на Советот, дообјаснувајќи притоа одредени детали на прашања на пратениците.

Снежана Калеска Ванчева од СДСМ кажа дека од извештајот се гледа дека „не мрднале многу работите“ во Советот во споредба со 2017 година и посочи дека во одноредени обвинителства, како на пример во Крива Паланка се уште нема избрано обвинители.

Тој не се согласува дека Советот доставил Извештај од кој не може да се види нивната работа.

Штериев, на нејзиното, а подоцна и на прашања на пратеници од опозицијата, објасни дека недостасуваат обвинители и оти нивната проекција е дека во земјата има потреба од 238 обвинители а се пополнети само 190 места.

Проекцијата на Советот е дека во наредните две години ќе има потреба од 65 нови обвинители, не земајќи предвид каков ќе биде решението за Специјалното јавно обвинителство.

Во 2018 година биле избрани 25 нови обвинители. Дополнително, за некои
обвинителски места како во Крива Палнка или Берово немало кандидати.

Штериев кажа и дека после три години во август треба да излезат нови обвинителски кадри од Академијата за судии и обвинители.

Во 2018 година, Советот постапувал по вкупно 201 претставки, што во однос на 2017 година кога биле евидентирани 166 претставки е зголемување на обемот на работа за 35 претставка или 24 отсто.

Од вкупно 201 претставки, 178 се претставаки од граѓани, 165 претставки поднесени се од оштетени, осум се обвинети и пет се од други субјекти.

Вo 62 случаи претставките се однесуваат на работата на конкретни јавни обвинители, а во 139 претставки е изразено незадоволство од работата на Јавните обвинителства.

Пратениците забележаа и дека во Извештајот не е наведено за кои јавни обвинители се однесуваат овие 62 претставки.

Зоран Илиоски од ВМРО ДПМНЕ се интересираше и колку дисциплински постапки поднел Советот за работата на обвинителите, на што Штериев кажа дека Советот нема
ингеренции за поведување вакви постапки.

Претседателот на Советот на јавни обвинители истакна и дека врз основа на поднесените претставки немало причина за барање за разрешување на обвинител.

Советот, според него, дали мислења за некоја од верзиите за законите кои се однесуваат на нивната работа, но оти не е информиран дали и колку се тие прифатени.

И покрај се, додаде тој, недостатокот на кадар и условите кои кои работат обвинителите, нашата работа е завршена.

„Државата треба да се запраша дали и каков Совет на обвинители ни треба“, рече Штериев одговарајќи на прашање на Нада Ципушева од ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата на Комисијата за политички систем не беше прифатен предлогот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за измени на Законот за прекршоци.

Законот за празници измени Комисија за политички систем
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.