Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Компаниите од челичната индустрија загрижени поради мерките на ЕУ
Економија

Компаниите од челичната индустрија загрижени поради мерките на ЕУ

декември 24, 2018Updated:декември 24, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заштитните мерки за увоз на одредени челични производи во ЕУ, по истекот на времените мерки во почетокот на февруари идната година, внесуваат сериозна загриженост кај засегнатите компании од челичната индустрија, членки на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија.

Како што соопшти Комората, ваквите ограничувања на увозот во ЕУ, во отсуство на други алтернативни решенија (близу 90 отсто од извозот на метални цевки од РМ се реализира во земјите од Европската унија и во моментов не постои алтернативен пазар за пласман на овие производи), создаваат сериозни проблеми пред договарањето на комерцијалните зделки на подолг рок, ги доведуваат во прашање почнатите и предвидените инвестициски вложувања и може да предизвикаат одредени проблеми со ангажираноста на вработените лица.

„Но, овие проблеми нема да застанат само тука, може да се очекува истите да се прошират и кај останатите поврзани компании во синџирот на снабдувањето, со што негативните последици повеќекратно ќе се мултиплицираат, смета Комората.

Оценката е дека производителите на челични цевки за кои се предвидени национални квоти, 2018 година ќе ја завршат со пласман на 180.000 тони во ЕУ, а од следната година ќе имаат квота од 110.000 тони што би претставувало намалување на приходите за приближно 45 милиони евра.

„За топловаланите дебели лимови е предвидена глобална квота, базирана на испораките во ЕУ во периодот 2015-2017 година, што под претпоставка дека квотата нема да биде потрошена до крајот на годината, би се свеле испораките во ЕУ на 100.000 тони годишно, значително помалку од оваа 2018 година. Ограничените можности за пласман, би значеле помали испораки на годишно ниво за овие производи од 120.000 тони, што би значело намалено производство за цели 4,5 месеци.

Финансиските реперкусии од нереализираните приходи би биле околу 24 милиони евра, само од надоместокот за преработка, односно 78 милиони евра по полната продажна цена на лимовите.

Дополнително на ова, производителите на метални цевки се соочуваат со уште еден момент, а тоа е процедурата на антидампинг истрага која е во тек кај домашните компании, наведува Стопанската комора.

Индустрија компании челик
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Пет нови лета до Виена, Краков, Вроцлав, но и до Сицилија и Сардинија

мај 21, 2026

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“:„’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

мај 14, 2026

Потрошувачката на бензини пораснала за над 8 проценти, дизелот и натаму најкористено гориво во земјава

мај 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.