Специјалната комисија на Претставничкиот дом на Конгресот гласаше јавно да се обелоденат информации за тоа колку поранешниот американски претседател Доналд Трамп платил даноци во период од шест години, пренесе Би-Би-Си.
Тој потег стави крај на речиси четиригодишната правна битка на демократите околу добивањето на документите, за што одлучи Врховниот суд на САД минатиот месец.
Би-Би-Си потсетува дека Трамп жестоко се борел за да ги заштити своите информации за плаќање данок.
Комитетот на Претставничкиот дом гласаше 24:16 за објавување на документите, бидејќи сите демократи во комисијата беа за објавување, а сите републиканци беа против.
Не е познато кога американската јавност ќе ги види финансиските документи на Трамп за периодот од 2015 до 2020 година. Во тоа време Трамп се кандидираше за претседател и четири години беше во Белата куќа.







