Гласачките места во Германија се затворени, заврши гласањето на парламентарните избори на кои право на глас имаа 61,5 милиони германски државјани.
Според првичните резултати од излезните анкети, победник на парламентарните избори се конзервативците на канцеларката Ангела Меркел.
Излезните анкети покажуваат дека Христијанско – демократска унија и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско – социјалната унија освоиле 32 отсто, додека социјалдемократите се на второ место, со освоени 20 проценти од гласовите.
Излезноста во многу избирачки места била поголема од минатите избори во 2013 година.
Околу пладне, во Минхен таа изнесувала 57 отсто, во Хамбург – 37 отсто, а во Нирнберг – 29,6 отсто.
Германската канцеларка Ангела Меркел, заедно со сопругот, гласала во Берлин.







