Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Конкурс на британската Влада за доделување Чивнинг стипендии
Во Фокусот

Конкурс на британската Влада за доделување Чивнинг стипендии

август 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Британската Влада за учебната 2020/2021 година ќе додели над 1.500 Чивнинг стипендии на глобално ниво, кои претставуваат значајна инвестиција на Велика Британија за развојот на идните генерации на глобални лидери.

Аплицирањето за стипендиите започна на 5 август и ќе трае до 5 ноември оваа година.

Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои покажуваат лидерски потенцијал и имаат одлична академска основа за школување на едногодишни магистерски студии на кој било британски универзитет.

Британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј наведува дека со стипендиите им се нудат можности на амбициозни, професионални и иновативни идни лидери од сите области кои ќе студираат во Велика Британија и ќе бидат отворени кон нови можности што ќе им бидат понудени за време на нивните студии.

„Чивнинг стипендистите се стипендисти кои демонстрираат лидерски квалитети, имаат визија за иднината и во кои области сакаат да работат. Тие се дел од глобалната мрежа на 50.000 стипендисти. Нашите алумни се индивидуи кои се динамични, влијателни и со стекнато искуство кое имате можност и вие да го искусите. Тие можат да ве охрабрат, да ви бидат ментори и да ви дадат совети како и контакти пред вашето заминување на студии во Обединетото Кралство. Кога ќе се вратите дома по вашите
студии ќе се чувствувате подготвени да започнете позитивни промени на професионален и приватен план. Во Република Северна Македонија имаме извонредни Чивнинг стипендисти кои работат во јавни институции, граѓански, бизнис и академски сектор. Доколку се гледате како потенцијални Чивнинг стипендисти ве охрабрувам да аплицирате пред крајниот рок, 5 ноември на Чивнинг страната“, истакнува амбасадорката Галовеј.

Според директорот на Чивнинг Секретаријатот, Бен Коутс, овие стипендии им овозможуваат на поединци од целиот свет да студираат на едни од најдобрите универзитети на глобално ниво.

„Чивнинг искуството може да биде неверојатно позитивно, кое ќе придонесе за позитивни промени не само за самите стипендисти, туку и за општествата и земјите од кои тие доаѓаат. Нашите универзитети промовираат критичко размислување, размена на идеи, како и надградување на вашето знаење и контакти. Од кога е започната Чивнинг програмата во 1983 година многумина кои биле дел од неа се вратиле во
своите земји и станале лидери во одредени области. Јас лично сум запознал многумина и сум импресиониран од нивната страст и посветеност кон она што го изучуваат и се развиваат во врвни професионалци од различни области. Денес светот се соочува со разновидни предизвици и Чивнинг семејството придонесува кон
разменување на идеи и решавање на предизвици на глобално ниво“, потенцира Коутс.

актуелно британска влада конкурс Чивнинг стипендии
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.