Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Конференција: Жените во општествата во регионот побројни, а се уште се борат за „малцински“ права
Некатегоризирано

Конференција: Жените во општествата во регионот побројни, а се уште се борат за „малцински“ права

септември 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Жените и мажите треба да уживаат еднакви човекови права, но и да бидат еднакво застапени во политичкиот и општествениот живот, со цел да се чуе и нивниот глас по сите суштински прашања.

За тоа да се оствари прашањето кое може да се постави, е дали жените бијат погрешна битка, односно дали наместо да се борат за поголема застапеност во Парламентот, треба да се борат за влез во Владата, каде лежи вистинската моќ.

Исто така, неопходно е да се работи и на економско јакнење на жените во општеството, како важен сегмент во сузбивањето на семејното насилство, но да се работи и на борба против говорот на омраза насочен кон нив.

Ова се ставовите на дел од учесниците на конференција посветена на регионалната соработка во областа на унапредувањето на родовата еднаквост и борбата против говорот на омраза што денеска во Собранието ја организира Клубот на пратенички во соработка со Националниот демократски институт.

„Прашањето на родова еднаквост е прашање на одржлив развој не само на нашите држави, туку и на глобално ниво. Многу е важно непрестано јакнење на жената и праќање на пораката дека жените и мажите мора да уживаат еднакво ниво на човекови права, мора во сите сегменти на општеството подеднакво да бидат застапени бидејќи мора да се слушне и женскиот глас кога е во прашање и безбедност и развој, борба против насилство“, вели црногорската пратеничка Нада Дробњак.

Живееме еден парадокс, додава таа, во кој иако жените во нашите општества се поброен дел од популација, тие мора да се борат за своите „малцински“ права.

Таа смета дека реално е да се постави прашањето дали жените трчат погрешна трка за нивните права, бидејќи, како што рече, моќта не е во Парламентот, туку во Владата, каде жените се малку застапени, а од каде можат многу повеќе да направат.

Претседателката на Комисијата за еднакви можности Даниела Рангелова, истакна дека особено фокус покрај на борбата за еднакви права, економско јакнење на жената, треба да се стави и на борбата против говорот на омраза наосчен кон жените.

Исто така, смета таа, треба да се внимава и на говорот на омраза од страна на политичарите бидејќи она што тие го заборуваат се рефлектира во оштеството и може да има негативни последици на живеењето.

Претседателката на Клубот на пратенички Ѓулумсер Касапи вели дека и двете теми – борбата родовата еднаквост во сите области на женско живеење и борбата против говорот на омраза се актуелни и заслужуваат повеќе активности.

Таа смета дека говорот на омраза, особно на социјалните мрежи, се повеќе загрижува и затоа, како што рече годинава ќе биде прогласена на година на борба против говор на омраза, не само кон жената политичарка, туку и кон сите жени воопшто.

Пратеничката Лилјана Поповска информираше дека жените од сите парламенти на Западен Балкан денеска донеле заклучок да се формира балканска мрежа на парламентарки, чија прва активност би била да испратат писмо до новиот комесар за евроинтеграција.

„Во писмото ќе му се обратиме со барање за забрзување на процесите за евроинтеграција на земјите од западен Балкан во интерс на мирот и стабилноста на регионот, на благосостојбата и кавлитетот на живот на граѓаните од овие земји“, рече Поповска.

Конференцијата во Собранието Клубот на пратенички ја организира во соработка со Националниот демократски институт.

актуелно конференција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.