Институтот за европска политика и Хелсиншкиот комитет за човекови права организираат конференција на тема „Поглавје 23: македонското сидро или едро?“, во рамките на проектот Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23), финансиран од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград и Балканскиот фонд за демократија.
Целта на конференцијата, како соопштуваат организаторите, е да поттикне отворена дебата помеѓу граѓанските организации, националните институции и експертите за имплементацијата и текот на реформите во Поглавјето 23 – правосудство и темелни права, во Република Северна Македонија.