Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Коронавирус потврден кај 570 луѓе од 18 градови, од утре нови мерки за ограничено движење
Во Фокусот

Коронавирус потврден кај 570 луѓе од 18 градови, од утре нови мерки за ограничено движење

април 7, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Потврден коронавирус има кај 570 луѓе
во земјава, од кои 239 се од Скопје.

По поминати 24 часа, до вчера во
15 часот беше соопштено за 15 новодијагностицирани и за тројца
починати.

На Инфективната клиника починаа 40-годишен жител на
Кочани и двајца тетовци – на 69 и на 65 години.

За спречување на
ширењето на заразата, Владата ги заостри мерките за ограничено
движење – од утре полицискиот час ќе биде од 16 до 5 часот во
работни денови и целодневен во сабота и недела.

Со вчерашниот ден, на Инфективната клиника се хоспитализирани 70
пациенти – десет имаат потешка клиничка слика, осум се на механичка вентилација, a во ГОБ „8 Септември“ двајца се на респираторни
машини, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на редовната
прес-конференција вчера попладне, Инфективната клиника вчера ја
напуштиле четворица пациенти, кај кои два контролни теста на
коронавирус биле негативни.

Оздравени од инфекцијата се и тројца
пациенти од Дебар кои беа на домашно лекување и под надзор на
локалната болница.

Досега коронавирусот е регистриран кај жители од 18 градови: Скопје,
Куманово, Дебар, Штип, Прилеп, Тетово, Струга, Велес, Битола, Охрид,
Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка, Радовиш,
Крушево и Кочани.

Болницата во Битола станува регионален центар, така што таму се
пренесуваат инфицираните со КОВИД-19 што беа хоспитализирани во
Охрид, а сите тие се од околината на Струга.

Во болницата во Штип, пак,
има четворица од кои тројца, како што соопшти министерот, се со лесна
клиничка слика и во стабилна здравствена состојба.

Според статистиката на Институтот за јавно здравје, кај 18 деца до
деветгодишна возраст е потврден коронавирусот и сите имаат лесна
клиничката слика и без потреба од подолга хоспитализација.

По смртта на помлад пациент вчера, 40-годишниот граѓанин на Кочани
кај кого претходно не биле познати други заболувања, министерот
Филипче рече дека иако повозрасните граѓани се повеќе подложни на вирусот, не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите
пациенти и дека освен белите дробови, КОВИД-19 ги напаѓа сите органи
и органски системи.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот соопшти дека на
Гинеколошко-акушерската клиника се тестираат сите кои имаат
симптоми на коронавирусот и дека е направена целосно изолирана
патека за родилките кои се позитивни.

За излекувани од заразата се сметаат луѓето кои имаат два негативни
теста на коронавирус.

Овој алгоритам, покрај за хоспитализираните,
важи и за пациентите на домашно лекување кои се во постојана
комуникација со матичните лекари.

Епидемиолозите препорачуваат лицата кои дошле од странство покрај
14-дневниот државен карантин дополнително да поминат уште 14 дена
во самоизолација кога ќе се вратат дома затоа што државниот карантин
го поминале во колективни центри.

Препораката ја соопшти премиерот Оливер Спасовски кој на
заедничката прес-конференција со министерот Филипче ги соопшти
новите засилени мерки за ограничено движење и подолготраен
полициски час.

Тие се воведуваат поради тоа што заразата се шири,
граѓаните не ги почитуваат доследно досегашните мерки, има случаи на
неодговорно однесување и со оглед на тоа што времето се затоплува и
претстојат верски празници.

„Одговорноста на граѓаните не беше на висина на задачата којашто ја
имаше секој од нас и многу лесно се преминува преку препораките кои
ги даваат стручните лица и затоа ги донесовме и овие мерки за забрана
на движењето, односно за зголемено времетраење на полицискиот час“,
истакна Спасовски.

Новите мерки ќе почнат да важат од утре, 8 април 2020, за целата
територија на државата. Полицискиот час наместо во 21 часот ќе
почнува во 16 и ќе завршува во 5 часот во работните денови, а во
деновите од викенд (сабота и недела) ќе има целодневен полициски час
за сите граѓани, односно од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник.

Лицата над 67-годишна возраст од утре ќе може да се движат надвор
само од 10 до 12 часот од понеделник до петок, а младите до 18 години
во работни денови ќе може да излезат од дома само од 13 до 15 часот.

На јавни места се забранува да се движат повеќе од двајца граѓани во
групи, освен ако се работи за родител со свои деца кои имаат до 14
години. За земјоделските активности, дозволено е движење во
територијата на селата и тоа само за работни потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе
изработи план за непречена работа и на здравствените установи.
Исклучоци од забраната за движење важат за полицијата, армијата,
здравствените работници ( ЈЗУ, ПЗУ и матичните лекари), како и за
маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи.

Премиерот Спасовски истакна дека мерките се донесуваат по
препорака на Комисијата за заразни болести, Главниот кризен штаб и
Светската здравствена организација и дека највисок и постојан
приоритет е заштитата на граѓаните и колективното здравје.

„Според експертите, во наредните две до три недели ќе го достигнеме
пикот на бројот на заразени од коронавирусот, кој најверојатно ќе биде
помеѓу 2000 и 2500 потврдени случаи. Фазата во која влегуваме е
веројатно фаза во која ги очекуваме најголемите предизвици. Ова е
нова радикална фаза и за стабилноста на здравствениот систем,
заштитата на здравствените работници, за индивидуалното и
колективното здравје, за економијата и за одржливоста на социјалниот
и општествен контекст“, истакна премиерот.

Апелираше велигденските и рамазанските празници граѓаните-верници
оваа година да ги поминат дома за да се сведат на минимум физичките
контакти.

Спасовски посочи и дека Владата врз основа на сите анализи развива
стратегии и сценарија што значат и краткорочно и долгорочно
планирање.

Траењето на пандемијата, рече, не може да се предвиди, но
може да се скрати и да резултира со позитивни ефекти со
дисциплинирано однесување и со почитување на сите донесени мерки.

актуелно коронавирус
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.