Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Косовската претседателка во Македонија
Македонија

Косовската претседателка во Македонија

април 26, 2023Updated:април 26, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Заедничката иднина на Северна Македонија и Косово е во евроатлантското семејство“, порача претседателот Стево Пендаровски, кој денеска ѝ беше домаќин на косовската претседателка Вјоса Османи.

Двајцата истакнаа дека државите имаат одлични билатерални односи и комуникација на високо ниво, како и значајна улога за стабилноста на регионот.

Пендаровски и Османи зборуваа и за правата на заедниците во двете земји.

„На средбата со косовската претседателка, меѓу другото, разговаравме и за можностите за унапредување на правата на Македонците во Косово. Наша заедничка цел е зближување на граѓаните од двете страни на границата и олеснување и интензивирање на прекуграничната соработка“, рече Пендаровски.

„Албанците беа и остануваат важна сила за позитивни промени и за достигнување на евроатлантските аспирации на Северна Македонија. Важно е да продолжи поддршката и зајакнувањето на Албанците во сите сфери во општеството како рамноправни граѓани и како клучни придонесувачи за напредокот на државата“, истакна Османи.

Тема на разговор биле и економските прашања.

Пендаровски посочи дека трговската размена со Косово лани изнесувала 482 милиони евра и оти трендот на зголемување треба да продолжи.

Османи, пак, кажа дека има потенцијал за поголем развој, особено што Македонија и Косово не се само географски блиски, туку се и држави кои имаат иста визија.

„Се надеваме што поскоро да го видиме завршувањето на автопатот од 12 километри што го поврзува Скопје со граничниот премин со Косово. Патот уште повеќе ќе нè зближи и ќе ни овозможи уште поголеми можности за меѓусебна размена, вклучително и во економијата. Исто така се надевам дека ќе се формираат и заеднички погранични контроли на двата главни гранични премини и веќе имаме добри вести во таа насока“, додаде Османи.

Претседателката на Косово и утре ќе престојува во земјава и ќе присуствува на повеќе активности во Скопје и Тетово.

актуелно Вјоса Османи Косово македонија стево пендаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.