Христијан Мицкоски, трет ден се крие од јавноста откако се потврди дека ги лажел граѓаните за неговиот ангажман како советник на Никола Груевски, вели Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.
Иако самиот призна дека земал пари додека му бил советник на Груевски, што ги чинело граѓаните 2 милиони денари, Христијан Мицкоски не им се извини за тоа што ги излажа.
Без никаков срам Мицкоски лажеше пред граѓаните, пред оние од чии пари земал месечни хонорари, а сега се крие и одбива да им се извини.
Ова однесување на Христијан Мицкоски потврдува дека:
Мицкоски не ги почитува граѓаните и нема доблест да им се извини!
Ги потценува граѓаните и за него граѓаните очигледно не се важни!
Мицкоски нема образ и личен интегритет!
Христијан Мицкоски не само што го следи патот на Никола Груевски туку очигледно ги дели и истите вредности со него.
Тоа е една иста матрица на ВМРО-ДПМНЕ која 11 години владееше со лаги, местенки, монтирани случаи и поделби што на граѓаните на Македонија им одзеде деценија од нивните животи.
Тоа е матрицата која што граѓаните ги понижуваше, ги обесправуваше, осиромашуваше и задолжуваше, додека поединци на власт се богатеа.
Граѓаните ќе го ценат Мицкоски по ова негово однесување.







