Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Коѕијас: Потребна е активна политика и иницијативи од Грција по ветото од Макрон
Македонија

Коѕијас: Потребна е активна политика и иницијативи од Грција по ветото од Макрон

октомври 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Грција треба да преземе иницијативи и да се сретне, да разговара, да се координира со земјите кои што го делат истиот став за стабилноста на Балканот во однос на европската перспектива на Северна Македонија, рече претседателот на движењето „Прато“ и поранешен министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, за време на конференцијата „За прогресивна надворешна политика“, организирана од Институтот за алтернативни политики „ЕНА“, jави дописничката на Утрински Весник од Атина.

За аспектите на грчката надворешна политика, за позициите на актуелната влада, но и за последните случувања по француското вето за европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, на конференцијата заедно со Никос Коѕијас дискутираа и поранешниот вицепремиер и министер за економија во владата на СИРИЗА, а сега пратеник, Јанис Драгасакис и професорката по компаративна политика Марилена Копа.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија упати критики до актуелната влада за политиката што ја следи, рече дека „гледа кон внатрешноста, како што во голема мерка гледаше и Макрон“ и објасни дека надворешна политика не се води гледајќи кон внатрешноста на земјата. Порача дека се потребни иницијативи и активности.

-Јас верувам дека Грција треба да преземе иницијативи. Грција треба да одржи средби со други држави кои се со истиот став за стабилност на Балканот. Треба да ја поддржи италијанската иницијатива, рече Коѕијас и истакна дека и тој лично заедно со неговите пријатели министри за надворешни работи и поранешни министри ќе преземат иницијативи за европската перспектива на Северна Македонија.

Говорејќи за последниот Самит на ЕУ, Коѕијас објасни дека Унијата не донесе одлука против интеграција, беше за, но на крајот одлуката беше блокирана од Французите и истакна дека е потребна активна надворешна политика со цели и конкретни мерки.

-Кога одиш на самит на ЕУ не одиш да ги следиш и да ги регистрираш ставовите на другите, туку знаеш да кажеш мислења и се грижиш да преземеш такви мерки за да се зголеми веројатноста да помине твојот став или ако не помине, да има цена за оној поради кој не поминува, рече Коѕијас, пренесе Утрински Весник.

Објасни дека она што требало да се направи пред состанокот е сојузништво на земјите што ја поддржуваат интеграцијата на Северна Македонија, односно земјите од Вишеград, од Балканот и од балтичките земји, како што рече, да се формираше цврст фронт на 15 земји кои ќе настапеа со ставот дека „ако Франција стави вето, ќе наиде на вето од овие земји“.

-Ако Макрон ја изразува неговата лутина кон Германците, бидејќи не направија продлабочување на европското обединување, ако ја изразува неговата лутина кон Европскиот парламент, бидејќи министерката за одбрана на Германија ја избра за претседател на комисијата, а неговата министерка одби да ја избере за член на комисијата, ако е лут, и со право, што Американците не го известија дека ќе се повлечат од Сирија, ако ги видиме неговите внатрешни случаи и стравот од Ле Пен итн,зко ги видиме сите овие работи, зошто да не стави вето? Јас ги прашав луѓето што ги знам во Франција, како реагира општеството на ветото на Макрон и ми велат одушевени се, задоволни се, истакна Коѕијас анализирајќи ја позицијата на францускиот претседател во однос на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија.

Коѕијас изрази мислење дека само ако се смени ситуацијата благодарение на италијанската иницијатива, Северна Македонија може да има доверба во Европската Унија.

Во однос на Договорот од Преспа, за време на конференцијата, поранешниот шеф на грчката дипломатија анализираше дека сега, Грција и Северна Македонија, освен спроведувањето, може да следат неколку насоки.

-Едната е да се обидат да го поништат договорот. Ви велам од сега, дека тоа не е лесно. Северна Македонија некаде во февруари, почеток на март ќе влезе во НАТО. Под кое име ќе влезе? Под Северна Македонија. Република Македонија веќе не постои, рече Коѕијас објаснувајќи дека земја под името „Република Македонија“ не постои ниту во Обединетите нации и истакна дека во меѓународното право не се толку едноставни работите.

Втората насока, според Коѕијас, за која рече стравува дека е дека може да ја следи дел од владата во Грција и опозицијата кај нас е „парализирање, односно да не се прави ништо“.

-Нешто што го прави сегашната влада. И што прави сегашната влада? Не е активна за спроведување на Договорот од Преспа, обвинува за последниците од неактивноста и резултатите од договорот, но не како производ на нејзиното поткопување на договорот, туку како производ на слабоста на договорот, истакна Коѕијас.

Поранешниот вицепремиер и министер за економија во владата на СИРИЗА, а сега пратеник од опозициската партија, Јанис Драгасакис, упати критики до надворешната политиката што ја води актуелната грчка влада, рече дека „наместо да е протагонист, пасивно ги следи случувањата“, истакна дека исходот од последниот Самит на ЕУ, има негативни не само за Северна Македонија, туку и за сите.

Со сличен став е и професорката по компаративна политика Марилена Копа, која рече дека одлуката на Европскиот совет „ја поткопува на најлош начин стабилноста на Балканот“, а за целото прашање Грција остана рамнодушна.

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно Коѕијас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.