Фудбалерите на Реал Мадрид на гости славеа победа против Атлетик Билбао во дерби дуелот од 28.коло на шпанската Примера.
На средбата одиграна на „Сан Мамеш“ во Билбао, лидерот на табелата Реал Мадрид забележа победа со 2-1, со головите на Карим Бензема (25.минута) и Карлос Енрике Касемиро (68). Голот за домаќините го постигна Аритз Адуриз (65.минута).
Покрај овој меч вчера се одигра и средбата Еибар – Еспањол 1-1, а на програмата беа уште двауште два натпревари, Алавез – Сосиедад и Бетис – Осасуна.
Денес ќе се играат: Леганес – Малага, Атлетико Мадрид – Севиља, Депортиво Ла Коруња – Селта Виго, Спортинг Хихон – Гранада и Барселона – Валенсија.
Табела: Реал Мадрид 65 бодови, Барселона 60, Севиља 57, Атлетико Мадрид 52, Виљареал 48, Сосиедад 48, Атлетик Билбао 44 …..







