„Боинг“ вчера го испорача својот прв патнички авион „737 MAКС“ на кинеска авиокомпанија од март 2019 година, со што заврши речиси петгодишната суспензија за увоз на тие авиони.
Испораката на авионот е знак на доверба во „Боинг“ во тешкиот период за таа компанија по несреќата што се случи на 5 јануари.
Тоа го симболизира повторното отворање на вратата за Кина, која според проекциите на „Боинг“ треба да претставува 20 отсто од светската побарувачка за авиони до 2042 година.
Кинескиот увоз на авиони „MAКС“ е суспендиран од 2019 година кога авионот, после две несреќи, во 2018 и 2019 година беше „замрзнат“. Безбедносните забрани сега се укинати и авионите веќе летаат кон Кина.
„Боинг 737 MAКС 8“ полета од Сиетл преку Хаваи кон Пекинг, каде што ќе го преземе Чајна Саутерн Ерлајнс (China Southern Airlines), се наведува во објавата на „ФлајРадар 24“.
„Боинг“ не одговори на барањето за коментар.
Во декември, најголемиот производител на патнички авиони го испорача својот прв „787 Дримлајнер“ на кинески клиент, по договор направен уште во 2019 година.
Новите испораки сепак се неизвесни и не е јасно дали станува збор за вистинско подобрување на односите или за привремена политичка отстапка.
(Фото: „Боинг“)







