Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кривична пријава за екс-градоначалник на Чешиново-Облешево
Истраги

Кривична пријава за екс-градоначалник на Чешиново-Облешево

април 23, 2018Updated:април 23, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Полицијата поднесе кривична пријава против К.Л. (40) кој во својство на градоначалник на општина Чешиново-Облешево искроистувајќи ја својата службена положба и овластување за време на својот мандат во четири случаи ја злоупотребил својата службена положба.

Министерството за внатрешни работи информира дека во првиот случај во периодот  од 11 април 2013 година до 1 ноември 2017 година 39 пати ги управувал службените патнички моторни возила “Пежо 207” и “Шкода Октавиа” сопственост на Општина Чешиново – Облешево без патни налози и истите ги користел за патување во странство за приватни цели.

Во вториот случај во периодот од 2014 и 2015 година во повеќе наврати ги пречекорил границите на своето службено овластување на тој начин што им овозможувал на лица вработени во општина Чешиново Облешево и други лица да полнат гориво од бензинската пумпа “Еуропетрол ДОО” Чешиново во нивните сопствени возила на сметка на Општината со што предизвикал дополнителна материјална штета во вкупен износ од 50.450 денари.

Во третиот случај горепријавениот во четири наврати во текот на 2015 година давал наредба на лице вработено во Општина Чешиново Облешево да полни бензин во туби и истите да ги носи кај пријавениот на домашна адреса, за истиот да го танкира своето приватно возило со што предизвикал материјална штета во износ од 4.634 денари и во четвртиот случај ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што без да склучи договор за давање на донација донирал гориво од вкупно 113 литри во износ од 5.502 денари на Х.Р. наводно за одржување на патека за моторџии во село Уларци постапувајќи спротивно на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности оштетувајќи го Буџетот на општината во вкупен износ од 5.502 денари.

Инаку, во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот во својство на градоначалник со повреда на законските прописи за совесно постапување при вршење на овластување им овозможил на вработените во општината, но и за себе, да се користат службените возила за приватни цели без при тоа да се води уредна евиденција односно патен налог за целта на патувањето и евидентирање на измината километража и потрошено гориво. Со службеното патничко моторно возило “Пежо 207” кое пријавениот го користел во првите три години од мандатот како негово службено возило за изминати 162.271 километри потрошени се 765.094 денари, пари од општинскиот буџет за гориво, додека пак со службено возило “Шкода Октавиа” се поминати 63.879 километри за временски период од околу една година односно од набавка на возилото  ставање на истото во функција на општината на 19.10.2016 до 01.11.2017 година, при што се потрошени 151.121 денари за гориво , без при тоа да се состави ниту еден патен налог со што ќе се оправда патувањето на потрошеното гориво .

Со сите овие дејствиа К.Л. го оштетил буџетот на општина Чешиново –Облешево со вкупна сума од 976.801 денари.

актуелно буџет закони кочани кривична мвр облешево чешиново
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.