Како што јавува шпанскиот весник „Ас“, Кристијано Роналдо би можел да го напушти мадридски Реал за, после девет години, да се врати во Манчестер јунајтед.
„Португалецот сака да ги напушти ‘кралевите’, се чуствува измамен затоа што не се остварени некои договори со претседателот на клубот, Форентино Перез, а сега се фокусира на враќање во Јунајтед. Таму веќе играше од 2003 до 2009 кога дојде во Реал. За овој нов трансфер, односно за својата желба да се врати на Олд Трафорд, веќе разговарал со неколку свои соиграчи“, пишува „Ас“.
Роналдо во дресот на актуелниот европски шампион во 418 настапи постигна неверојатни 422 гола и така стана најдобар стрелец во историјата на клубот. Со Реал освои 14 трофеи, три пати го крена пехарот во Лигата на шампиони и освои две шпански првенства.







