Кроатиа ерлајнс од октомври ќе го намали бројот на летови за Лондон.
Ова е последица на неодамнешната продажба на дел од слотови на лондонски Хитроу на американската компанија Делта ерлајнс.
Кроатиа ерлајнс во зимскиот ред на летање што стапува на сила од 29 октомври ќе има летови за британската метропола четири пати неделно, во понеделник, среда, петок и во сабота, само во претпладневните часови.
Така, во зимскиот „возен ред“ на Кроатиа кон Лондон ќе има четири лета неделно помалку отколку досега.







