Изјавите на Никола Димитров ја потврдуваат критиката на Нова Демократија за штетниот Договор од Преспа, вели Јоргос Кумуцакос одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија во реакцијата за пренесените ставови на шефот на македонската дипломатија пред членовите на комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент.
Изјавите на Димитров во Европскиот парламент, за жал, доаѓаат да ја потврдат критиката на Нова Демократија за штетниот Договор од Преспа.
Комбинацијата од името „Северна Македонија“, „македонски“ јазик и „македонска“ националност е идеална за развој на национализмот и иредентизмот на Скопје, вели Кумуцакос.







