Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лагард се надева дека 2021 ќе биде година на економско закрепнување од пандемијата
СВЕТ

Лагард се надева дека 2021 ќе биде година на економско закрепнување од пандемијата

јануари 26, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, се надева дека 2021 година ќе биде година на економско закрепнување од пандемијата, и покрај сериозните блокади и загриженоста за појава на нови видови на Ковид-19.

– Се надеваме дека 2021 година е сè уште година на закрепнување, но во две фази. Првата фаза е очигледно фазата што ќе продолжи да биде оптоварена со многу високото ниво на неизвесност, рече Лагард на панел на 51. Светски економски форум во Давос, што заради здравствената криза за првпат се одржува во виртуелен формат од 25 до 29 јануари.

Еврозоната се соочува со зголемување на бројот на случаи со коронавирус, заострување на рестриктивните мерки и бавно воведување на вакцините, што му нанесуваат дополнителна економска штета на регионот, за кој се проценува дека лани опадна за повеќе од 7,0 проценти.

Според Лагард, сегашното економско опкружување треба да го помине мостот што води кон закрепнување и се чини дека преминувањето на тој мост ќе биде малку одложено, но тој не треба да излегува од шините, пренесе Си-ен-би-си.

Најновите економски податоци на ЕЦБ укажуваат на економски пад и во последниот квартал од 2020 година, што, според Лагард, ќе има влијание и во првиот квартал на 2021 година.

Европската централна банка во декември излезе со проценката дека бруто домашниот производ на еврозоната ќе биде 3,9 проценти во 2021 година, и 2,1 процент следната година, но тие предвидувања во голема мера зависат од развојот на пандемијата и брзината на вакцинирање на граѓаните.

Дури и кога регионот на единствена валута ќе достигне точка каде економиите членки можат целосно да ги укинат ограничувачките мерки, постојат дополнителни предизвици за да се обезбеди солиден економски раст.

– Економијата за која зборуваме веќе не е иста, додаде шефицата на ЕЦБ.

ЕЦБ минатата недела одлучи да го задржи непроменет својот огромен пакет монетарни стимулации. Нејзината програма за пандемски итни набавки на обврзници, што може да трае до март 2022 година, изнесува дури 1,85 трилиона евра и има за цел да ги поддржи владите во еврозоната со поевтини трошоци за позајмување.

Каматните стапки на Европската централна банка, исто така, останаа на историски ниските нивоа за натамошно зајакнување на кредитирањето во регионот.

актуелно година економско закрепнување Лагард
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.