Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЛАЖИРАНА СМРТ: Шефот на Хамас прогласен за мртов пред 9 години, сега се врати
СВЕТ

ЛАЖИРАНА СМРТ: Шефот на Хамас прогласен за мртов пред 9 години, сега се врати

ноември 12, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерот на палестинската организација Хамас, специјализиран за киднапирања и прекугранична инфилтрација, кој беше прогласен за мртов во 2014 година, е жив и ги организирал нападите врз Израел на 7 октомври, сметаат израелски шпиони, објави британски „Телеграф“.

Извори блиски до израелската разузнавачка служба велат дека Мохамед Синвар, помладиот брат на Јахја Синвар, лидерот на Хамас во Газа и најбараниот терорист во Израел, со години живеел тајно во тунелите под Појасот.

Информираат дека бил одблиску вклучен во планирањето на нападот минатиот месец во кој беа убиени 1.200 луѓе и дека стотиците луѓе земени како заложници е негова идеја. Тие, наводно, можат да се искористат за ослободување на околу 5.000 Палестинци колку што се верува дека има во израелските затвори.

„Тој е 100 отсто еден од тимот што го испланирал 7 октомври“, изјави поранешниот шеф на антитерористичката служба на Мосад за „Телеграф“, опишувајќи ја групата од, според него, три до четири клучни луѓе кои стојат зад смртоносниот напад.

„Во военото раководство тој е многу важен“, истакнал изворот.

„На седмото место е на листата на барани лица, заедно со Мохамед Деиф, Марван Иса и Тавфик Абу Наим. Тој е важна личност и сигурно е сеуште жив“.

Синвар Јуниор, кој помогна во ослободувањето на својот брат од израелски затвор во значајна размена на заробеници во 2011 година, „се смета за еден од главните организатори во планирањето на инвазијата, масакрот и масовното киднапирање на Израелците од околните населби“, изјавил Ронен Соломон, независен разузнавачки аналитичар и автор на блогот „Интели Тајмс“ (Intelli Times).

„Негова специјалност е инфилтрација на границата и киднапирање за да обезбеди ослободување на сите затвореници“, рече Соломон, кој го следи Мухамед повеќе од две децении, собирајќи архива со документи, фотографии и интервјуа кои помагаат да се расветли озлогласената тајна личност.

„Толкава е тајноста околу Мохамед што дури и жителите на Газа веќе не го препознаваат“, рече тој.

„Се движел тајно и во ограничен опсег, од страв да не биде изложен на израелски убиство“, истакна Соломон.

Во текот на последните две децении, преживеал шест обиди за атентат.

Израелските сили ја уништија семејната куќа на Мохамед на 24 октомври 2004 година, после неуспешниот обид за атентат во 2003 година.

Десет години подоцна, во екот на војната меѓу Израел и Хамас во 2014 година, терористичката група го прогласи за мртов, објавувајќи слика на која лежи на крвав кревет.

„Лажирањето на смртта на Мохамед беше дел од мисијата за заштита на еден од тројцата „команданти во сенка“ на Хамас“, рече Соломон.

Оттогаш, никогаш не е виден во јавноста – не бил ниту на погребот на неговиот татко во јануари 2022 година.

Но, израелската војска тивко оваа недела откри уште еднаш дека го лови, кога сликата на Мохамед се појави заедно со сликата на неговиот брат за време на брифингот на Јоав Галант, израелскиот министер за одбрана. Тој не го спомна по име ниту навлегуваше во детали за негова вмешаност во нападот во октомври.

Одделно, израелските одбранбени сили објавија дека војниците од 7-та бригада ги пребарале канцелариите поврзани со Мохамед, каде што пронашле „документација со воената доктрина“. 

Јахја Синвар

 

Откако Јахја Синвар е ослободен заедно со повеќе од 1.000 други затвореници во замена за израелскиот војник Гилад Шалит во 2011 година, Мохамед остана во сенка.

Поранешниот шеф на контраразузнавањето на Мосад рече дека тој бил клучен во обезбедувањето ослободување на неговиот брат од затвор, а потоа го оркестрирал неговото доаѓање на власт во Газа.

„Мохамед секогаш бил поважен од неговиот брат. Тој беше лицето кое го иницираше и го држеше Гилад Шалит“, рече изворот.

„Тој беше тој што го направи списокот на затвореници во Израел што требаше да бидат ослободени и, секако, Јахја беше број еден.“

„Дотогаш Јахја дури не се сметаше за дел од раководството на Хамас“, вели изворот.

Кога Мохамед ја направил листата, многумина во Хамас се спротивставиле на фактот дека Јахја бил ставен на чело.

Мохамед, наводно, не преговарал за тој факт и рекол дека, ако некој се спротивстави на неговиот список, ќе го одесел Шалит на брегот, ќе му ја отсечел главата и тоа ќе го снимел… па сите се повлекле и Јахја станал „најважен“.

Овој потег ќе се покаже како трансформативен за Јахја Синвар, кој на крајот ја презеде функцијата од Исмаил Ханијех, сега политички лидер на Хамас во егзил во Катар, во 2017 година.

Пречекан е како херој кога се врати во Газа и многу брзо стана истакнат водач и го наследи Ханија.

Но, Мохамед сам по себе останува најистакната личност. Беше еден од првата генерација која се приклучи на редовите на Хамас од неговото основање на 14 декември 1987 година и учествуваше во првата интифада.

Откако напредуваше на различни административни позиции, беше еден од првите што се приклучи на воениот огранок на Хамас, на бригадата „Из ал-Дин Ал-Касам“. Во 2005 година, тој стана командант на единицата „Кан Јунис“.

Мохамед долго време беше главна цел на израелската војска и на разузнавачките агенции.

На 11 април 2003 година, бригадата „Ал-Касам“ соопшти дека Мохамед преживеал обид за атентат. Во нападот била користена експлозивна направа, поставена во ѕидот на неговата куќа во градот Кан Јунис.

Но, израелските шпиони веруваат дека Мохамед сега добил одговорност да го заштити својот брат, кого Израел го опиша како „мртовец што оди“.

„Се верува дека сега му е доверено да ја обезбеди сигурноста на неговиот брат Јахја и и негово бегство преку Рафа, ако биде потребно“, заклучил Соломон.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Сипа прес / Сопа имиџис)

актуелно Газа грабнување Израел напад Палестина Хамас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.