Министерот на Шведска за одбрана, Петер Хултквист денеска, после заканата за поставена бомба, беше евакуиран од авионот кој се подготвувал за полетување.
Полицијата подоцна соопшти дека во прашање била лажна закана.
Авионот бил запрен на пистата на аеродромот во Лулео, додека се подготвувал за полетување, а Хултквист веднаш изваден од леталото, соопшти телевизијата СВТ.
Телевизијата пренесе изјави на патниците од авионот, кои тврдат дека го препознале министерот, како и полициски инспектор кој потврдил дека Хултквист имал резервирано место во авионот.
Шведската влада и обезбедувањето на министерот, меѓутоа, одбија да го потврдат инцидентот.
Полицијата во соопштението наведе дека реагирала на заканите за поставена бомба на аеродромот во Лулео, но утврдиле дека во прашање е лажна закана заради што ја прекинаа интервенцијата.







