Интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ и денеска објави нова снимка од разговор меѓу Јордан Орце Камчев и Бојан Јовановски (Боки 13) за случајот „Рекет“.
Нема датуми за да се види кога и како се снимани дали се тоа е во неколку дена или
трае со месеци.
Во денеска објавената снимка разговараат за процедурата за предметот „Империја“ на СЈО во која е осомничен Камчев.
Тука во еден разговор е вклучена и специјалната обвинителка Катица Јанева, која посредно преку разговорот Камчев –Боки 13 суфлира и дообјаснува процедури.
Боки13 и Камчев во еден дел на снимката го спомнуваат и премиерот Зоран Заев, а Боки 13 најавува дека ќе се сретне и ќе проба да го наметне Камчев, но нема детали каде и како ќе биде организирана таа средба, дали случајно или наменски само на Заев и Боки 13.
Во последната трета снимка нема видео за да се види каде и како се одвиваат разговорите и сето тоа е поткрепен само со транскрипција на разговорот.
Автор на снимките што ги објавува трет ден изданието не е познат, ниту како се снимани и кој ги дистрибуирал.
Објавувач е новинарот Ларис Гајсер, познат по своите екстремно десничарски ставови и по блискоста со лица од европската крајна десница, како и со претставници на ВМРО
ДПМНЕ.
Од Јавното обвинителство соопштија дека снимките не се добиени од Обвинителството, туку дека станува збор за аудио и видео материјали што
се дел од доказната постапка во предметот, а кои до Јавното обвинителство биле доставени од сведок во предметот.
Расчистување на случаите за кои се води истрага побара премиерот Зоран Заев.
„Истрагата мора да ги открие сите детали. Секој да одговара за своите постапки. Граѓаните заслужија правда“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, исто така, на Фејсбук, повика да понесат одговорност тие што се огрешиле пред законот, и праша зошто Катица Јанева не е во притвор.







