Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Левица бара од Сиљановска – Давкова да не го потпишува новиот Закон за легализација на дивоградби
Македонија

Левица бара од Сиљановска – Давкова да не го потпишува новиот Закон за легализација на дивоградби

февруари 20, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Соопштение на Левица:

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, како пратеник јасно потенцираше дека етички и правно е невозможно да се повикуваме на владеење на правото, а истовремено да носиме закони со кои се уредува „правниот статус“ на бесправно изградени објекти. Таа тогаш со право укажа дека не може да се утврди легитимитет на нешто што е изградено спротивно на законот и дека ваквите решенија претставуваат директен удар врз урбанистичкото планирање и правната сигурност.

Вчера, Собранието повторно го продолжи рокот за легализација до 3 март 2031 година, наместо претходно утврдениот рок 3 март 2026 година. Со тоа, процесот што требаше да биде временски ограничена и исклучителна мерка, наместо 15 ќе трае 20 години. И ова веќе не е транзициска аномалија, туку системска политика на одложување на правдата и институционализирање на бесправноста.

Секое ново пролонгирање испраќа јасна порака дека прекршувањето на законот на крајот ќе биде наградено со легализација, додека граѓаните што инвестирале време и средства за да градат прописно остануваат изиграни.

Со ова се девалвира правниот поредок, се поткопува довербата во институциите и се стимулира нов бран дивоградби, затоа што очекувањето дека „ќе има нов рок“ станува рационална калкулација.

Наместо да се воспостави ред и да се зајакнат инспекциските и урбанистичките механизми, државата повторно избира амнестија како модел на управување.

Од аспект на владеење на правото, ова е преседан со сериозни последици. Законот што требаше да биде исклучок станува правило, а времената мерка се претвора во трајна практика. Правната сигурност подразбира предвидливост и доследност, а не постојано поместување на рокови под политички притисок. Урбанистичкото планирање не е административна формалност, туку инструмент за заштита на јавниот интерес, животната средина, безбедноста, инфраструктурата и квалитетот на живот. Со легализирање на бесправното, без јасна стратегија и краен рок што навистина ќе биде конечен, се релативизира самата идеја за законитост.

Левица останува на ставот дека дивоградбите не смеат да бидат предмет на бесконечни амнестии, туку на системско решавање кое ќе направи јасна разлика меѓу социјалниот, неизбежниот случај и профитерската злоупотреба. Затоа ја повикуваме претседателката да остане доследна на сопствените јавно искажани принципи и да не го потпише овој закон, се вели во соопштението.

актуелно закон Левица легализација непотпишување сиљановска - давкова
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.