Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Левица ја оспорува одлуката на Пендаровски за вонредна состојба
Македонија

Левица ја оспорува одлуката на Пендаровски за вонредна состојба

април 21, 2020Updated:април 21, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Партијата Левица денес поднесе иницијатива за поништување на втората Одлука за утврдување постоење вонредна состојба, донесена од страна на претседателот Стево Пендаровски, со барање за итно изрекување времена мерка за негово запирање од извршување, поради тоа што, како што се наведува во партиското соопштение, можеле да настанат „тешко отстранливи штетни последици по правната сигурност на граѓаните“.

„Овој спорен акт е правно недозволив чин на пречекорување на уставните овластувања на Претседателот на РМ, затоа што тој се темели на иста фактичка и правна ситуација која веќе била причина за прогласувањето на првичната вонредна состојба. Согласно нашиот Устав, одлуката со која се утврдува постоењето на вонредната состојба има важност најмногу 30 дена! Тоа значи дека, Претседателот можел, во рамките на овие триесет дена, да донесе, на пример, три одлуки од по 10 дена или шест одлуки од по 5 дена и сл. – но, никако не може самоволно и волунтаристички да носи нова одлука после истекот на максимално предвидените триесет дена, за дуплирање на овој рок без никаков уставен основ за тоа“, се вели во соопштението.

Во документот потпишан од Президиумот на партијата стои дека сите досега превземени репресивни здравствени мерки за борба со епидемијата на коронавирусот (карантин, самоизолација, полициски час и сл.) воопшто не зависат од прогласувањето на вонредната состојба – која беше воведена само како механизам за одлагање на изборите.

„Буквално сите мерки, без исклучок, се преземени и сè уште се преземаат врз основа на Законот за управување со кризи (2005) и на Законот за заштита на населението од заразни болести (2004) – бидејќи ние немаме посебен Закон за вонредна состојба, кој евентуално би се применувал во вакви ургентни состојби.“

Од Левица, патем истакнуваат и тоа дека, во случајов, станувало збор за малициозна злоупотреба на вонредната состојба, а дека за тоа говорел и фактот дека над 2/3 од вкупно донесените 120 уредби со законска сила од страна на техничката влада, која, патем речено, имала стеснет и законски ограничен мандат од 100 дена, само за организирање фер и демократски избори, биле диспропорционални владини уредби кои немаат апсолутно никаква функционална поврзаност или логичка врска со борбата против коронавирусот.

„Овој збунувачки податок оправдано нè тера да си помислиме дали враќањето во нормална состојба е приоритет за оваа преодна Влада или, пак, постојат некои други нетранспарентни приоритети сокриени од очите на јавноста, преку неразумно оптегнување на траењето на вонредната состојба, спротивно на јавниот интерес“, пишува на крајот на соопштението на Левица.

актуелно коронавирус Левица Президиум стево пендаровски Уставен суд
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.