Министерството за здравство по повод екстремно високите температури и т.н. портокалова фаза во која се наоѓа земјава, со препораки до граѓаните:
Носење лесна, светла облека, пиење течности и вода најмалку два литра на ден, јадење повеќе овошје, зеленчук и свежа храна, намален интензитет на физички активности, ова се дел од основните препораки за граѓаните.
Според министерството за здравство, треба да се избегнува директна изложеност на сонце и работа на отворено, особено од 11 до 17 часот.
На хронично болните им се препорачува редовно земање на препишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем треба да го контактираат својот матичен лекар.
Министерството за труд и социјална политика со поддршка од црвениот крст информира дека викендов ќе спроведува активности за згрижување на бездомните лица.







