Фудбалерот на Ливерпул, Фабињо ќе отсуствува од теренот до крајот на годината заради повредата на лигаментите на зглобот, соопшти денеска клубот од Енфилд.
Фабињо се повреди на натпревар од Лигата на шампиони против Наполи кој заврши реми 1:1.
„Прегледите покажаа дека повредата на Фабињо е сериозна и дека тој мора да одмори до Нова Година“, се наведува во соопштението на клубот.
Ливерпул до крајот на годината го очекуваат осум средби во сите натпреварувања.







