Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лидерите на ЕУ сè уште без договор за датум за преговори со Скопје и Тирана
Македонија

Лидерите на ЕУ сè уште без договор за датум за преговори со Скопје и Тирана

октомври 18, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерите на Европската Унија се разотидоа околу два часот изутринава по долга вечер преговори за проширувањето, но без договор и без заклучоци за Скопје и Тирана.

Финскиот премиер Анти Рине, по самитот, за медиумите кусо порача дека се надева дека лидерите ќе се навратат на прашањето во текот на денешниот ден, но без гаранции. Разни национални делегации различно брифираат, додека едните се надеваат дека ќе се наврати ЕУ на проширувањето денеска, други тврдат дека нема политичка волја за тоа.

ЕУ требаше вчера, по две одлагања, да донесе „јасна и суштинска“ одлука за отпочнувањето на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, согласно препораката на Европската комисија и општиот консензус во ЕУ дека двете земји се подготвени за следниот чекор. Но, недостигот од политичка волја надвладеа.

Повеќето земји членки ја обвинуваат „тврдоглавоста и кусогледоста“ на Франција кон Западниот Балкан. Претседателот Емануел Макрон одбива секаков напредок во проширувањето додека не се измени методологијата на преговарачкиот процес, реформа која може да трае со години и за која Париз не дава конкретни одговори како треба да изгледа.

Од друга страна, земји како Холандија и Данска не сакаат да започнат преговори со Албанија. Во Хаг тоа е став на Парламентот, и Владата смета дека не може да го игнорира гласот на пратениците. За Холандија зелено светло беше прифатливо единствено под услов да се одвојат двете земји.

Конечно, третата група, најбројната, се земјите кои сметаат дека преговорите треба да почнат со двете земји, иако повеќето од нив велат дека беа подготвени да прифатат да се оди напред само со Македонија доколку тоа биде прифатливо за Франција.

Франција меѓутоа не се согласи со оваа варијанта, додека нејасен остана ставот на Германија до крај, за која одредени делегации брифираа дека е „непопустливо“ против одвојувањето, други држави членки сметаа дека Париз и Берлин пак се кријат еден зад друг.

По неколку обиди за нацрт-заклучоци, кон полноќ паднал француски предлог за компромис: да се одложи по четврти пат одлуката за пролетта 2020, пред самитот за Западен Балкан во Загреб. Опцијата била неприфатлива за повеќе земји кои сметаат дека не смее да има никакво одлагање, брифираат дипломатски извори, и дека одлуката „мора да се донесе денеска или утре“.

Поради ова земјите поддржувачи на проширувањето го одбиле францускиот предлог и одлучиле дека е „подобро да нема воопшто заклучоци отколку лоши заклучоци“, велат за МИА извори од земја членка на ЕУ.

-Западните земји едноставно не разбираат, има целосно отсуство на разбирање на реалноста надвор, подобро е што не се договоривме за текст, ова е навистина сериозно и сметаме дека е работа на претседателот Туск да стори нешто сега, додава дипломатски извор од источноевропска земја на ЕУ.

Самитот продолжува денеска од 9:30 часот, на дневен ред главна точка е повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ, климатските промени и стратешката агенда на ЕУ, во присуство на идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејн.

– Време за разговор има доколку има волја за тоа, само буџетот е тешка тема, другите се симболични…, заклучува изворот на МИА во разговор по самитот.

 

ИЗВОР: МИА

актуелно датум Договор ЕУ лидери преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.