Министерство за правда на Америка објави ликвидација на хакерска група, која имаше жртви секаде по светот.
„Синоќа соборивме меѓународна мрежа на хакери одговорни за изнудување и обид за изнуда на стотици милиони долари од жртви во САД и ширум светот“, објави државниот јавен обвинител Мерик Гарланд на веб-страницата на министерството.
ФБИ навлегла во компјутерските мрежи на групата, ги пресретнала нивните клучеви за дешифрирање и ги дистрибуирале до жртвите на хакерите ширум светот, со што спречиле исплата на 130 милиони долари откуп.
Групата од јуни 2021 година таргетирала повеќе од 1.500 жртви ширум светот и за тоа време добила повеќе од 100 милиони долари за откуп.
Меѓу жртвите на хакерите се болници, училишта, финансиски компании и други субјекти од критичните инфраструктури.
Во еден инцидент, болницата нападната од оваа група беше принудена да се префрли на аналогни методи на нега и не беше во можност да прими нови пациенти.