Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Локални избори во Албанија во тензичка атмосфера, опозицијата бојкотира
СВЕТ

Локални избори во Албанија во тензичка атмосфера, опозицијата бојкотира

јуни 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во тензична атмосфера, без учество на опозицијата денеска во Албанија ќе се одржат локалните избори каде дури во половина од вкупно 65 општини има по само еден кандидат за градоначалник, и тоа од коалицијата „Алијанса за европска Албанија“ предводена од владејачката Социјалистичка партија, поради што најмалку може да се оценат како плуралистички.

По првпат од 1990 година се случува во земјата да се одржуваат избори без учество на опозиција, која на последните избори во 2015 година освои 48 отсто од гласовите.

Во отуство на опозицијата, свои кандидати на изборите имаат две изборни коалиции и тоа „Алијанса за европска Албанија“(21 партија) и „Надеж за промени“(шест партии), потоа седум независни кандидати и девет политички партии, меѓу кои и Македонска алијанса за европска интеграција. Единствената партија на Македонците настапува самостојно. За разлика од последните локални избори, на кои со советнички листи учествуваше во 16 општини, на овие со кандидат за градоначалник и советничка листа настапува единствено во општина Пустец. Кандидат за градоначалник е Едмонд Темелко, кој по четвртипат ја бара довербата на жителите на Пустец. Темелко на претходните избори, 2007, 2011 и 2015 година за градоначалник беше избран со околу 80 отсто од гласовите, а партијата на последните избори обезбеди седум од вкупно 13 колку што членови брои советот.

Негов противкандидат е Пали Колевски, член на социјалистичката партија,а коацијата има и кандидатска листа за советници.

Во трката за советничко место има уште двајца Македонци, Илчо Костофски за советот на општина Тирана и Индрит Абдиај за советот на општина Елбасан, двајцата од партијата на зелените.

Во единствениот избирачки список запишани се 3,5 милиони лица со право на глас, при што 132.788 ќе гласаат првпат.

Гласачките места се отворени во 7:00, а ќе бидат затворени 19:00 часот. Гласањето ќе се одвива во 5.417 гласачки места, кои заедно со општинските изборни комисии и Центрите за пребројување на гласачките ливчиња ќе ги обезбедуваат 7.779 полициски службеници. Во истовреме околу 5.000, во кои се и припадниците на специјалната полициска единица за брза интервенција, ќе бидат под целосна готовност. Ангажрани се и припадниците на специјалната армиска единица „командоси“ кои веќе се ангажрани за безбедноста на странските дипломатски претставништва, како и објекти од витален интерес.

На денешните избори претходеа многу настани, кои во континутет се повеќе ја продлабочуваа политичката криза во земјата. Пред четири месеци опозицијата се откажа од пратеничките мандати, го напушти Парламентот и не се пријави за учество на изборите. Наспроти тоа излезе на улица да протестира заедно со своите поддржувачи. Освен помали протести, од 16 февруари до 21 јуни одржа девет „национални протести“ на кои според организаторот во просек имало по над 100.000 учесници, не откажувајќи се од барањата за заминување на премиерот Еди Рама и формирање преодна Влада, која ќе спроведе слободни и фер избори. Од друга страна Рама ни најмалку не попушти ,ја почна изборната кампања и ја заврши со порака дека „Опозицијата на 30 јуни ќе го добие финалниот удар“.

Во надминување на состојбата не помогнаа ни повиците на меѓународните претставници да се седне на дијалог за изнаѓоање решение, што од партиите го побара и претседателот Илир Мета. Тој, како што во декември лани ги закажа изборите за 30 јуни, на 8 јуни потпиша указ за нивно одложување со цел да се избегне можен граѓански конфликт, а на 27 јуни потпиша нов указ со кој ги презакажа истите за 30 октомври. Централната изборна комисија и изборниот колегиум(изборен суд) ја отфрлија уредбата за одложување на изборите. Премиерот Рама одби кој било друг датум освен 30 јуни, а се охрабри уште повеќе кога на 27 јуни американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер изјави дека САД го признаваат 30 јуни, како ден за локалните избори во Албанија а веднаш по него и ЕУ повика да не се попречуваат изборите.

Последните денови состојбата е уште потензична. Во повеќе општини, каде локалната власт е во рацете на Демократите, се нападнати и запалени објекти каде се сместени ОИК, има судир со полицијата, фрлање молотови коктели, повредени полицајци и новинари. Полицијата само последните денови има притворено неколку десеттина приврзаници на опозицијата кои учестувале во нападите на седиштата на изборните комисии. Меѓу нив има се и градоначалниците на Поградец и Вау те Дејес, кого ескпресно го разреши Владата.

Само неколку дена пред одржувањето на изборите, Советот на Европа ја откажа набљудувачката мисија, поради можна опасност од безбедносен апсект, како и нејаснотиите во врска со организирањето на изборите.

Изборнот тек ќе го набљудуваат 150 набљудувачи на ОБСЕ/ОДХИР, а набљудувачи имаат и амриканската, британската и уште неколку други амбасади.

Странските дипломати откако претходно ги предупредија своите граѓани да бидат многу внимателни и да не се прближуваат до гласачките места, се јавија со апел до политичките партии да се дистанцираат од насилство и да се обезбедат мирни избори. Од САД и со предупредување до опозицијата дека доколку примени насилство лидерите ќе се најдат на црната листа.

Албанскиот претседател Илир Мета упати апел до граѓаните да избегнуваат провокации со цел да се одржи социјалниот мир. Лидерот на опозицијата Љуљзим Баша доцна синоќа, иако во сила беше изборен молк, албанските граѓани ги повика на масовен бојкот, додавајќи дека „крајот на Рама е многу блиску“.

Каков изборен ден ќе има денеска Албанија останува да се види, но едно е јасно дека решение за излез од длабоката политичка криза е далеку од видикот.

актуелно албанија избори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.