Борбата за првото место во групата и полуфинале во Лондон му припадна на австрискиот претставник. Во второто коло од групата „Бјорн Борг“, Доминик Тим после вистинска драма во О2 арената го совлада Новак Ѓоковиќ со 2:1 (6:7, 6:3. 7:6).
овој резултат значи две работи. Првата е дека Австриецот е прв полуфиналист на завршниот Мастерс, а втората е дека од оваа група ќе му се придружи победникот од последниот меч и дуелот на двајца големи ривали.
Во четврток Новак ќе игра против Роџер Федерер (Швајцарија).
Математиката од овој меч е проста. Кој ќе триумфира оди понатака, кој ќе изгуби отпаѓа.
(Фото: АП)







