Парламентот на Романија изгласа денеска нова, малцинска влада на чело со премиерот Лудовик Орбан, со што е завршена политичката криза која влијаеше и на формирањето на новата Европска комисија.
За владата на Орбан гласаа 240 пратеници, седум повеќе отколку што беше потребно.
Кабинетот на Орган ќе ја замени владата на Социјалдемократската партија предводена од Вијорик Данчило, на која парламентот на 10 октомври годинава и изгласа недоверба на барање на опозицијата.
Претседателот на Романија, Клаус Јоанис вечерва, веднаш по гласањето, му го додели мандатот за формирање на влада на Орбан, лидерот на Либералната партија.
Новата влада треба да предложи кандидат за еврокомесар за сообраќај, затоа што Рована Плумб, која Романија првобитно ја предложи за тој ресор, не доби поддршка од Одборот за правни прашања на Европскиот парламент, заради што формирањето на Европската комисија е одложено за еден месец.
(Фото: АП/Вадим Гирда)