Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лукаревска: Сите физички лица не се обврзници за ДДВ
Економија

Лукаревска: Сите физички лица не се обврзници за ДДВ

февруари 1, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новата Влада нема направено никаква законска измена во поглед на ДДВ, а во постапувањето на УЈП не постои промена по ова прашање. Сите физички лица не се обврзници за цели на ДДВ, напротив станува збор за многу мал број лица.

Ова го изјави директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска одговорајќи на новинарски прашања денеска на Конференција за контролинг во Скопје.

Таа истакна дека бројот на физички лица кои се регистрирани за цели за ДДВ во 2015 година бил 761, во 2016 година бил 1.059, а во 2017 година 1.185. За 2018 година, како што рече, според првичните податоци можам да потврдам дека тој број нема драстично да се разликува од претходната година.

Според неа, интересот на граѓаните е на прво место и затоа кај нив не треба да постои грижа, бидејќи платите  независно од висината не се оданочуваат со ДДВ.

„Обврската ги опфаќа физичките лица кои самостојно вршат стопанска дејност, односно вршат испораки на добра и услуги и тоа во континуитет и притоа го надминуваат пропишаниот праг од еден милион денари на годишно ниво, или на месечно ниво остваруваат во просек повеќе од 83.000 денари, не вклучувајќи ја платата, рече Лукаревска и додаде дека независно од остварениот промет, физички лица кои изнајмуваат станови за домување не подлежат на обврската за плаќање на ДДВ. Исто така, додаде дека определени услуги што се вршат кон странски субјекти, на пример програмерски, не подлежат на обврската за ДДВ.

Таа потенцира дека во согласност со регулативата на ЕУ не смее да се прави разлика меѓу физички и правни лица кои вршат промет од иста природа, бидејќи, би се отворил простор за даночно затајување.

„Јавноста е запознаена дека ќе следува даночна реформа. Имајќи предвид дека годишниот фискален циклус е веќе започнат, во следниот период УЈП и Министерството за финансии ќе направат сериозна анализа за реализација на измени од следната фискална година. Измените може да бидат дел од даночната реформа и во правец на остварување на барањата и интересите на граѓаните. УЈП е целосно отворена за јавноста. Стоиме на располагање за консултации, рече Лукаревска.

актуелно ДДВ ЕУ измени обрврска реформа ујп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.