Прашањето на влез на Белорусија во состав на Русија не е на дневен ред, раководствата на двете држави можат да формираат посилен состав од унитарна држава, изјави белорускиот лидер Александар Лукашенко.
„Јас и Путин, раководството на Русија и Белорусија во целина, доволно сме памети во рамки на две независи, суверени држави, да направиме таков сојуз којшто ќе биде уште посилен од унитарна држава. Такво прашање, за влез на нашата држава во состав на Русија, не се наоѓа на дневен ред“, изјави Лукашенко во интервју за Си-Ен-Ен.
Според зборовите на белорускиот лидер, влезот на Белорусија во состав на Русија е измислица на колективниот Запад.
Лукашенко е, исто така, сигурен дека во случај на каков било воен конфликт, Белорусија ќе ја поддржи целиот западен дел на Вооружените сили на Русија. Во тој правец е формирана единствена армија, чија основа ја сочинува белоруската војска, објасни тој.







