Авиокомпанијата Луфтханза откажува повеќе од 1.000 летови закажани за среда пред еднодневниот предупредувачки штрајк, исто како што семејствата низ Германија заминуваат на летниот одмор.
Штрајковите и недостигот на персонал веќе ги принудија авиокомпаниите, вклучително и Луфтханза, да откажат илјадници летови и предизвикаа повеќечасовни редици на главните аеродроми, фрустрирајќи ги туристите желни да патуваат по карантините поврзани со пандемијата „Ковид-19“, пишува Ројтерс. Патниците погодени од оваа мерка се информирани и понудени алтернативни летови, но тие се исто така многу ограничени , се вели во соопштението на Луфтханза.
Бараат зголемување на платите. Главниот германски авиопревозник откажа 678 летови во Франкфурт и 345 летови во Минхен. Овој потег погоди повеќе од 130.000 патници.
Луфтханза денеска соопшти дека може да има повеќе откажувања и одложувања на летови во четврток и петок, по завршувањето на предупредувачкиот штрајк на копнениот персонал организиран од синдикатот Верди.
Нашите барања за зголемување на платите се повеќе од оправдани со оглед на инфлацијата, оптоварувањето и долгорочното незголемување на платите“, изјави вчера потпретседателката на синдикатот Верди и шефица на преговорите со Луфтханза, Кристин Бехле.







