Фудбалерите на Копенхаген, откако во третото коло од квалификациите за Лига на шамиони го елиминираа Вардар, во плеј-офф за пласман во елитното натпреварување ќе играат против Карабаг, одлучено е денеска со извлекувањето во Нион.
Словенечкиот Марибор ќе игра бротив израелскиот Хапоел, екипата на Олимпијакос, по елиминацијата на белградски Партизан, го пречекува хрватскиот шампион Ријека, а интересно секако ќе биде и на натпреварите Наполи – Ница и Хофенхајм – Ливерпул.
Другите двојки се АПОЕЛ – Славија Прага, Селтик – Астана, Истанбул – Севиља, Јанг Бојс – ЦСКА Москва, Спортинг Лисабон – ФЦСБ (Стеауа).
Првите средби на програмата се на 15 и 16 август, а реванш натпреварите се играат седум дена потоа, на 22 и 23 август.
Победниците одат во Лига на шампиони, а поразените во лига Европа.