Вечерва, по 11 години, Македонија доби нова влада и нов премиер.
Собранието го изгласа новиот владин состав на чело со СДСМ и коалицијата, а Зоран Заев стана нов премиер на Република Македонија.
„За“ гласаа 62 пратеници, против 44 и возджани беа 5 пратеници.
По гласањето, новиот владин состав положи заклетва.
Последни, пред гласањето за нова влада, од собраниската говорница се обратија прво лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а потоа зборуваше сегашиот премиер Зоран Заев.







