Македонија и Кина подготвуваат потпишување на Спогодба за авионски услуги откако претставниците на двете влади се сретнаа минатата недела во Скопје.
Висок претставник на кинеската администрација за цивилно воздухопловство го претставил нацрт текстот за спогодбата кој сега треба да го проучат нивните македонски колеги. Од друга страна, македонската Агенција за цивилно воздухопловство предлага потпишување на Меморандум за техничка соработка.
Двете страни воспоставуваат законска подлога за потенцијален старт на директни летови, промовирање на соработка меѓу надлежните тела и техничка и образовна соработка. Македонските и кинеските претставници се сложиле дека воспоставувањето на летови меѓу двете земји ќе ја поттикне и соработката во областа на туризмот.






