„Во најновиот извештај на „Репортери без граници“ за 2018 година, Македонија се наоѓа на 109. место од вкупно 180 држави, јавува дописникот на МИА.
Во извештајот се наведува дека систематиските напади врз слободата на печатот биле класична карактеристика на владејачката партија на ВМРО – ДПМНЕ која ги загубила изборите во 2017 година.
„За време на своите десет години на власт, премиерот Груевски успеа да воспостави контрола над медиумите на еден невиден степен за земја во регионот. Многу мејнстрим опозициски медиуми мораа дури и да се затворат.
Националната јавна радио и телевизиска компанија е се уште во служба на ВМРО. Падот на „режимот” малку ја намали контролата на власта врз медиумите, но се уште е рано да се биде сигурен во подготвеноста на владата за одржливо подобрување на ситуацијата, се вели во извештајот.
„Репортери без граници“ оценува дека социјалната состојба на новинарите, која е често несигурна и слабо платена, се нема променето.
Во најновиот извештај на „Репортери без граници“ се наведува дека годинава во светот биле убиени 80 новинари, а 348 биле затворени.







