Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонија нема да ги признае референдумите во Украина
Македонија

Македонија нема да ги признае референдумите во Украина

септември 26, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Организацијата на т.н. референдуми во окупираните територии на Украина со цел да послужат како алиби за нелегална анексија на територија посебно не загрозува нас малите држави, коишто не штити меѓународното право и меѓународниот систем. Тоа се манипулативни референдуми и Северна Македонија нема да ги признае нивните резултати“, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Според Османи, ако може толку лесно со референдуми на соседни територии да создавате алиби за анексија, тоа веќе ги загрозува сите независни држави.

„Ако тоа се наруши, ако се создаде таков преседан, очекувајте утре секој голем сосед да може тоа да го направи на малите соседи“, рече Османи.

Прашан, од кого гледа закана за нашата земја, кога три земји наши соседи се членки на НАТО, а една е неутрална, Османи вели дека тоа што го направи Русија е директно кршење и рушење на принципите на меѓународното право и на европската безбедносна архитектура и тоа токму на принципите кои гарантираат суверенитет и интегритет.

„Оттука не зборувам конкретно за некаков директен ризик овде во соседството, туку дека уривањето на принципите на меѓународното право го ставаат светот во ризик од нови војни и конфликти“, истакна Османи.

Затоа, тој изрази чудење, што на анкети гледа дека 25 отсто од македонски граѓани мислат дека руската агресија во Украина е оправдана, мислејќи, како што рече, дека ова е битка помеѓу два пола во светот, а ние сме страна која што е неутрална.

„Не, ние не сме неутрална страна, ние сме директно загрозени од рушењето на меѓународните принципи коишто не штитат од воведување на правила на џунглата, коишто не ги почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и меѓународните етаблираните граници на државите“, изјави Османи.

Од тука, според Османи, да се биде на страна на руската агресија во Украина е да се биде против сопствените државни национални интереси.

„Нуклеарната војна влезе во секојдневниот политички дискурс и самото спомнување веќе во дневната размена на политички ставови е преминување на една психолошка бариера која што не можеше да се премине во последните децении и треба да не алармира сите“, рече Османи.

Прашан за визниот режим со Русија, во контекст на руските граѓани кои бегаат од мобилизацијата, Османи рече дека Македонија има генерално визен режим со Руската Федерација и тоа засега е доволен инструмент, но и дека може да се промени во зависност каков ќе биде развојот на настаните.

За тоа какви се односите со рускиот амбасадор во земјава, Османи посочи дека немаат политичка комуникација и односи.

„Јас не сум имал средба со амбасадорот. Протоколарна, може да имаат протоколот и службите, како што имаат со сите амбасади во однос на функционирањето, меѓутоа политичка комуникација и контакти нема. Нашата позиција е јасна. Русија направи агресија на меѓународното право, направи агресија врз Украина. Мора тоа да прекине, за да се размисли за некакви политички односи“, изјави Османи.

 

 

 

 

 

(Фото: „Слободен печат“)

агресија актуелно Бујар Османи русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.