„Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија“, соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
„Од срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа и јасна порака до земјите од Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ“, напиша Вархеји на неговиот официјален Твитер налог.
Министрите за европски прашања на земјите од ЕУ денеска на видео – конференција дебатираа за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.
Ставот на ЕК по ова прашање, е јасен: двете земји испорачаа реформи и се подготвени да ги отворат преговорите, твитна Вархеји.







