„Македонската репрезентација составена од фудбалери до 18 години од 19 до 25 август ќе учествува на силен контролен турнир во Чешка“, информираа од ФФМ.
Покрај Македонија на турнирот ќе играат и домашната селекција на Чешка, Украина и Словачка.
Селекторот на „црвено-жолтите“ Шкумбин Арслани за натпреварите кои ќе се играат во Теплице очекува неколкуте новоповикани да донесат квалитет во играта.
„Ова е фаза кога се обидуваме да ги одбереме најдобрите во составот, сега имаме неколку нови имиња и очекувам дека ќе донесат квалитет и напредок во нашата игра. Се надевам на позитивни резултати и дуели на кои ќе покажеме квалитет и цврст карактер“, изјави Арслани.
Неговите избраници првиот натпревар го играат на 21 август против Украина, ден подоцна со Словачка.







